Атлетичарот на Вардар Петре Завировски нема намера да ја заврши сезоната. Тој го потврди своето учество на уште една ноќна атлетска трка. Овој пат низ улиците на Скопје. Стартот на трката е закажан за 12 ноември, недела со почеток во 16:35 часот.
Трката ќе се одржи во централното градско подрачје. Стартот на трката ќе биде на плоштад Македонија во близина на фонтаната Воин на коњ, се трча во правец на Триумфалната капија, се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ се излегува од Сутеренот на ГТЦ се врти десно на ул Војвода Васил Аџаларски покрај Градската болница се врти десно и се излегува на бул 11 Октомври кон собранието на Р.Македонија во правец на ул Димитрија Чуповски и ул Велко Влаховиќ, кај Мекдоналдс, пред семафорите се врти десно во правец на Плоштад Македонија пред фонтаната се завршува кај Плоштад Пела под Триумфалната капија. Трката се одржува по повод празникот 13ти Ноември, денот на ослободување на град Скопје.