Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар единствен тим со максимален ефект во ЛШ, веќе на две кола пред крајот обезбеден пласман понатака
ЖРК Вардар единствен тим со максимален ефект во ЛШ, веќе на две кола пред крајот обезбеден пласман понатака

ЖРК Вардар единствен тим со максимален ефект во ЛШ, веќе на две кола пред крајот обезбеден пласман понатака

Дури на две кола до крај на групната фаза во ЕХФ лигата на  шампионите ракометарките предводени од Дибирова  и теоретски обезбедија место меѓу 12-те најдобри во Европа. Во саботата тие во  рамките од 4. коло од Ц групата Вардар како домаќин го победи Ларвик со 30-27.  Нашата голманка Амандин Лејно мечот го заврши со 20 одбрани и беше централна фигура на натпреварот.
.
Девојките  на европскиот вице-првак Вардар се единствени со максимални четири победи и потврден пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Тие по триумфот над Ларвик  се единствениот тим без загубен бод во досегашниот дел откако Мец загуби на гостувањето кај Будуќност. Покрај нас  пласман во „главната фаза“ избори уште и ФТЦ од групата Б, а токму унгарската екипа ќе биде ривал  на Вардар во следното коло во Будимпешта.