Како и што се очекуваше, Амандин Лејно ја има најдобрата одбрана во четвртото коло од лигата на шампионите. Екипата на Вардар триумфираше на домашен терен во дуелот со екипата на Ларвик (30:27), а најдобар играч на црвено-црните беше токму голманката Амандин Лејно, која го заврши натпреварот дури со 20 успешни интервенции. Токму последната нејзина одбрана во последните секунди, во стилот на “кунг-фу“ се најде во најдобрата одбрана на колото во ЛШ. Претходно вакви признанија добиваше нејзината колешка на голот, Ина Суслина.
Погледнете ги петте најдобри одбрани на колото во ЛШ, каде врвот е за Амандин Лејно.