Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа ја остварија својата деветта победа во првенството, откако на домашен терен ја победија екипата на Ренова. Гостинската екипа пружи отпор само во првото полувреме, кога резултатот беше оној почетниот (0:0) за во вториот дел да следи голеада во нивната мрежа. Дури пет голови постигнаа црвено-црните во вторите 40 минути, за на крајот да испадне и убедлив триумф. На овој натпревара поради повреда не настапи капитенот Далибор Костовски, па тренерот Тодоровски беше принуден во стартниот состав на позицијата стопер да го стави Мртин Величковиќ, кој одлично ја одработи својата задача и не дозволи опасни акции по нашиот гол.
- Во првото полувреме противникот се трудеше со силен отпор да ја заштити својата мрежа, но со посериозна игра во вториот дел од натпреварот пред се ја подобривме одбраната, а секако дека со добра одбрана оди добар напад.
Оваа сезона Величковиќ се почесто добива шанса за игра и максимално добро ги искористува минутите на теренот, кои му ги пружи тренерот Тодоровски.
- Јас напорно работев, тренирав и бев упорен за да ја подобрам мојата форма ,а сето тоа го гледаат тренерите и сепак тие одлучуваат кој треба да игра. Се надевам дека довербата ќе ја оправдам што ми ја даваат тренерите.
Моментално пом.пионери се на првото место на табелата со големи шанси таму да го завршат есенскиот дел од сезоната.
-Можам да кажам дека од натпревар во натпревар прикажуваме подобра игра за која најзаслужен е тренерот Тодоровски, кој што знае да го извади максимумот од сите нас. Вардар секогаш оди на победа, верувам во квалитетот на нашата екипа, а со тоа и првото место на крајот од сезоната, иако има да се одиграат уште многу натпревари, изјави за нашиот сајт Мартин Величковиќ.
Звонко Ивановски