Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе го одигра 100. натпревар во дресот на Вардар
Фелипе го одигра 100. натпревар во дресот на Вардар

Фелипе го одигра 100. натпревар во дресот на Вардар

Бразилскиот интернационалец во дресот на Вардар, Хуан Фелипе влезе во друштвото на играчи со над 100. настапи во црвено – црниот дрес. Фелипе на вчерашниот натпревар против Скопје го одбележа овој голем јубилеј не само со настап туку и со феноменален гол од далечина.

Фелипе од 2015 е дел од Вардар, со сигурност можеме да кажеме дека Фелипе е еден од најдобрите трансфери кои ги има направено ФК Вардар во својата историја. Нашиот играч досега има постигнато вкупно 24 гола во дресот на Вардар.

Му го честитаме јубилејот на Фелипе и му посакува уште многу настапи и голови во дресот на Вардар.