Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Вардарки по седум успеси го доживеаа првиот пораз
Кошарка: Вардарки по седум успеси го доживеаа првиот пораз

Кошарка: Вардарки по седум успеси го доживеаа првиот пораз

Вчера во малата сала “Кале“  избраничките на Жаклина Стојановска, девојките од ЖКК Вардар го пречекаа шампионот Бадел 1862 во дербито на лигата. Во оваа средба ние влеговме со 100% ефект- седум победи, а противникот со шест победи од исто толку одиграни дуели.

Вардарки за жал го доживееа првиот пораз во оваа сезона, прекината беше нашата фантастична низа од седум дуели со успех. Во оваа средба париравме солидно сепак на крајот моравме да се помириме со пораз од 13.поени. Сино-жолтите оваа средба ја добија со резултат 84-71. Во следното коло, деветто коло гостуваме во Чаир кај тимот на ЖКК Шкупи.