Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Падот во третата четвртина беше кобен за пораз од Пелистер на вардарци
КОШАРКА! Падот во третата четвртина беше кобен за пораз од Пелистер на вардарци

КОШАРКА! Падот во третата четвртина беше кобен за пораз од Пелистер на вардарци

Вчера во малата сала при спортскиот центар “Кале„ се одигра натпревар од второто коло во Првата машка кошаркарска лига во кој Вардар беше домаќин на битолски, КК Пелистер. Нашиот пад во играта за време на  третата четвртина и одличниот американец во редовите на зелено-белите, Фил Хокинс на гостите им ја  донесе првата победа сезонава, а нас првиот пораз дома.

Битолчани победија со шест поена разлика  71:77 (22-18, 19-16, 11-23, 19-20). Во првата четвртина водевме со четири поени, во втората избраниците на Кочов го зголемија водството за уште три и на одмор отидовме со седум плус,  41:34. Влеговме добро и во вториот дел зголемувајќи ја предноста за уште два поени, на семафорот во малата сала “Кале“ стоеше 50:41. Потоа следуваше   серија за пелистерци 11-0, по која они поведоа со  50:52 во 27. минута. Пелистерци пројдоа во водство, ние еднаш се доближивме на поен негатива 64:65, сепак не успеавме да го свртиме мечот во наша корист кој зелено-белите го добија со 71-77. Кај нив блесна играчот од САД, Фил Хокинс со 30 поена, на кој додаде 7 скока и 2 асистенции, во црвено-црниот табор најефикасен беше  Лефковски, кој имаше 14 поени. Вардарци по две одиграни кола имаат два пораза во Првата лига каде се повторно членови по три години одсуство.