Вчера на теренот на академијата пријателски натпревар одиграа пионерите на фудбалскиот клуб Вардар и Металург. Дуелот им припадна на црвено-црните кои славеа со резултат 4:1. Мечот се играше во две полувремиња по 45 минути.
Нашите пионери ја користат паузата после завршување на есенскиот дел за одигрување на контролни натпревари, со цел одржување на формата, со оглед дека претстои долга пауза во првенството. Одличен натпревар за избраниците на Сашо Тодоровски, кои одиграа константно добро во текот на целиот натпревар. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци на овој контролен меч. Саит Битиќи, Јакуп Бериша, Мартин Филипоски и Фитар, кој е на проба во Вардар од екипата на Милано.