Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Струмица ни се извлече во финишот на првиот меч на Вардар во Плеј-аут сегментот
Кошарка! Струмица ни се извлече во финишот на првиот меч на Вардар во Плеј-аут сегментот

Кошарка! Струмица ни се извлече во финишот на првиот меч на Вардар во Плеј-аут сегментот

Викендов започнa натпреварите во Плејаут лигата. Тимот на КК Вардар вчера ги почна натпреварите во Плејаут лигата против тимот на КК Струмица на гостински терен. Нашите играчи за жал беа поразени тесно на крајот на овој дуел иако играа одлично во текот на целиот меч.

Пех за нас беше тоа што игравме без најдобриот поединец единствениот странец американецот Ибитајо Адекунле.  Домаќините  отворија со серија од 6:0, сепак  Вардарци преку Зекири и Робев го израмнија резултатот до крајот на првата четвртина, 15:15. Кошаркарите на Вардар во втората четвртина направија серија од 14 поени за прва и двоцифрена предност, 18:29. Србиновски и Робев зголемија на плус 13, 20:33. Струмичани преку Брчов и Делипетров ја спуштија негативата на едноцифрена, 26:33. До крајот на првото полувреме домашните постигнаа шест поени во за четири негатива на полувреме, 32:36.
Мечот  беше неизвесен и до крајот на третиот дел, кога Вардар замина со предност од два поени (45-47), а потоа почнаа  кризата во играта на  Вардар.   Во последниот период постојано се трудевме да победиме, па така 26 секунди пред крајот на натпреварот Лефкоски погоди тројка за 61:59. Струмичани го задржаа водството до крајот и победија со 63:61. Кај КК Вардар најефикасен беше  капитенот Лефкоски постигна 20 поени.