Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Ивановски Марко по долга пауза повторно трчаше, одличен настап на Државно Првенство во крос-кантри
Атлетика! Ивановски Марко по долга пауза повторно трчаше, одличен настап на  Државно Првенство во крос-кантри

Атлетика! Ивановски Марко по долга пауза повторно трчаше, одличен настап на Државно Првенство во крос-кантри

Вчера во организација на Атлетската федерација на Македонија се оддржа  Државно Првенство во крос-кантри. Истото се трчаше покрај кејот на реката Вардар во  Скопје, на него зема учество еден член на црвено-црниот атлетски колектив Ивановски.

Нашето момче после период од скоро 11 месеци кои ги паузираше  поради повреди, конечно настапи  на официјална трка. Вардаровиот атлетичар Марко Ивановски трчаше во дисциплината 10.000 метри во сениорска конкуренција. Патеката од 10 километри ја финишираше на 6-то место со време од 36 минути и 33 секунди, што е далеку од неговиот личен рекорд на крос кантри на 10км од 34:18 (Балканско Првенство 2014 година во Дарица, Турција). Сепак одличнен факт е што тој после вака долга пауза повторно се најде на патеката, резултатот е одличен особено за крос-кантри патека која е далеку потешка од трка на тартан каде многу веројатно Ивановски ќе имаше со оваа форма најмалку една минута подобро време. Тој конечно го надмина пехот од повредата и очекуваме дека ќе биде одличен во продолжението до сезоната.