Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нема “пречка“ за кадетките на Вардар СЦЈС кои стигнаа до својата седма последователна победа во лигата
Нема “пречка“ за кадетките на Вардар СЦЈС кои стигнаа до својата седма последователна победа во лигата

Нема “пречка“ за кадетките на Вардар СЦЈС кои стигнаа до својата седма последователна победа во лигата

Кадетките на ЖРК Вардар СЦЈС не запираат со победите во својата група 2 од кадетската лига, откако славеа и на гостувањето против екипата на Преспа од Ресен. Избраничките на Анжела Платон и Александра Кузмановска триумфираа со резултат 17:38.

Стартот навести каков тек ќе има овој натпревар, откако нашите кадетки поведоа со 1:9, давајќи му на знаење на домашниот тим дека бодовите ќе заминат за Скопје. Единствено што успеа да направи Кичево е да го израмни резултатот на 1:1. По тој гол следи наша голема серија од осум последователни голови. Набргу стигнавме и до двоцифена предност, кога резултатот на семафорот гласеше 3:13. До крајот на првото полувреме го зголемувавме водството и постигнавме повеќе голови, за на полувреме да имаме убедливи 6:20.

Вториот дел започна со три наши голови, за веќе Вардар да има убедливи 6:23. Преспа се обидуваше да ја намали негативата, а највеќе што им успеа е до 8:24. Сепак разликата во квалитет беше очигледен на страната на Вардарки кои постигнуваа лесни голови во брзи контра-напади. Повторно имаме високо водство од 12:31, а последните десет минути беа само рутина за нашиот состав кој се повеќе ја зголемуваше разликата во своја корист. На крајот конечениот резултат гласеше 17:38

Ивана Блажевска го предводеше Вардар до нов тримф со 7 постигнати голови, додека 6 гола беа дело на Марија Танчева. Ова беше седма последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС во групата.

Вардар СЦЈС: Бабунска, Ивановска 5, Паланковска 2, Танчева 6, Нелоска 3, Мицевска, Атанасова 3, Трпевска 5, Митровска 1, Стојчевска 4, Трајкова 1, Диневска 2, Сандева, Блажевска 3, Трајкова 2.