Вчера во малата сала “Кале“ црвено-црниот кошаркарски колектив го пречека најтрофејниот кошаркарски тим во земјава, КК Работнички. Младиот тим на Вардар се обиде, но не успеа да го совлада поискусниот ривал од Градски парк предводен од еден од најдобрите тренери во земјава Марин Докузовски. Црвено-белите победија со девет поени предност, односно 73-82.
За многумина можеби изненадувачки, но не и за нивниот тренер Кочов кој верува во овие момци, по крајот на првата четвртина имавме активен резултат, реми. Таа заврши со 17-17, по што се отиде на првата пауза. Во вторите 10 минути поради искуството и подолгата клупа црвено-белите беа во налет правејќи “десет плус“ и на полувреме заминуваат со 35-45. Сепак вардарци не се предадоа, во третата четвртина која обично досега секогаш беше “кобна“ тие одиграа повторно одлично т.е. ја добија истата. Со шест плус се отиде на следниот одмор, откако намаливме за четири поена во ова четвртина, која ја добивме 23-19. Последната четвртина успеа Работнички да ја добие со мирна игра, кош за кош. Најпрвин ние намаливме на само 62-67 односно “минус пет“ веднаш потоа Докузовски реши да повика тајм-аут. Тој во игра ги внесе Чековски и Мишановиќ, лесно повторно ја вратија предноста и тие триумфираа на овој дуел со 71-18. Кај нас во овој дуел најефикасен на теренот беше Зекири со 17 поени, а понего беше Робев кој додаде уште 12 поени. Кај победниците Илиевски беше прв стрелец со 20 поени, Мишановиќ даде 18, Мираковски и Чековски по 15.