Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: “Сребро“ за Вардар М15 во лигата
Кошарка: “Сребро“ за Вардар М15 во лигата

Кошарка: “Сребро“ за Вардар М15 во лигата

Вчера, КК Вардар М15 беше дел од финалето на Ф4, во истото играше  против КК Феникс 2010. На нашите момци   ништо да не ни идеше од рака. Тежок натпревар одигаа црвено-црните, никако не успеавме да влеземе во ритам за да се доближиме резултатски до противникот и да направиме пресврт.

На мечот одигран во салата “Јане Сандански“ во Скопје бевме поразени со резултат 59-70. По првата четвртина губевме со осум поена, 19-11, се обидовме во продолжение да се вратиме, но неуспеавме и на одмор заминавме со негатива од 15 поена, 22-27. Во вториот дел имавме сила единствено за ублажување на поразот, сепак “сребрениот“ медал е доличен резултат за овој млад состав.

*Целосна статистика од натпреварот може да се види на следниов ЛИНК