Како што објавивме во нашиот текст, ФК Вардар стартот на летните подготовки ќе ги започне точно на 10. јуни (недела). Во недела Бобан Бабунски ќе ја собере екипата во базата во Хиподром и ќе започне со полесни тренинзи. Во недела исто така на првиот собир Вардар треба да добие и нов лик, се очекуваат неколку нови имиња кои дополнително ќе ги запознаеме.
Инаку, Вардар во Скопје ќе тренира до 13. јуни, за потоа на 14 „црвено-црните“ да заминaт во Словенија, каде што низ тренинзи и низ пријателски натпревари ќе ја темпира формата за мечевите на меѓународна сцена, како и за следната сезона. „Црвено-црните“ ќе бидат сместени во хотелот „Витал“ во местото Зрече.