Тројца атлетичари на Вардар учестуваа на атлетската манифестација “Втор Врањски маратон“ кој се трчаше во Србија во градот Врање. На истиот на најдолгата дистанца, односно 42км, маратонот учество зема искусниот Мартиновски, апак Јакимовски и Петков трчаа полумаратонска трка (21 километар).
Искусниот Трпе Мартиновски и на овие години се бори со километрите, тој иако е навлезен длабоко во шестата деценија истрча маратон. На истата трка тој заврши како втор во асполутна конкуренција, а во категоријата “постари од 50 години“ заврши како најдобар. Тој имаше време 3-18-08 на маратонската делница.
На полумаратонската трка трчаа двајца момци, Влатко Јакимовски и Петков Дејан. Двајцата вардарци успеаа да ја финишираат трката. Петков заврши со време 1:51:54, а Jaкимовски финишираше со 1:54:42 на 21 километарската делница низ улиците на Врање.