За време на подготовките во Словенија, Вардар ќе одигра седум пријателски натпревари. Противниците се веќе познати, а контролните мечеви почнуваат на 17-ти, а завршуваат на 30-ти јуни. Вардар ќе ги одмери силите со неколку подобри противници, но и со неколку послаби како Балзан и Херманштад.
РАСПОРЕД НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ВАРДАР НА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ 2018 ГОДИНА:
17.06. – Шампион Целје (Словенија)
20.06. – Домжале (Словенија)
21.06. – Марибор (Словенија)
25.06. – Оренбург (Русија)
26.06. – Балзан (Малта)
29.06. – Херманштад (Романија)
30.06. – Целје (Словенија)
– Експедицијата на Вардар на 1. јули се враќа во Скопје.