Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на “распуст” до 10 јуни, Бабунски ги чека новите помошници, засилувања сеуште нема
Вардар на “распуст” до 10 јуни, Бабунски ги чека новите помошници, засилувања сеуште нема

Вардар на “распуст” до 10 јуни, Бабунски ги чека новите помошници, засилувања сеуште нема

Во ФК Вардар се работи многу тивко. Како што дознаваме, фудбалерите на “распуст” ќе бидат до 10 јуни, а потоа целиот тим се собира и ја започнува мисијата Лига на Европа. Во Скопје Вардар како и секој летни подготовки ќе се тренира неколку денови, за потоа да  се замине во веќе познатата база во Словенија.

Како што е добро познато, Вардар до овој момент нема потпишано ниту еден нов играч. Но, дознаваме дека се работи на големо и дека веќе се договорени тројца нови играчи, па се чека само нивна промоција. Покрај нив, сигурно Вардар ќе донесе уште најмалку пет до шест играчи, кои ќе треба да ги потполнат местата на големиот број заминати играчи.

Кај тренерскиот тим пак, Бабунски чека промоција на неговите нови помошници, кои во иднина треба да бидат покрај него и да ја “кројат” тактиката.