Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2006 со 7-1 ја совлада ФК Форца во дербито и обезбеди завршен турнир
ФК Вардар генер.2006 со 7-1 ја совлада ФК Форца во дербито и обезбеди завршен турнир

ФК Вардар генер.2006 со 7-1 ја совлада ФК Форца во дербито и обезбеди завршен турнир

Денес на терените на ФФМ, ФК Вардар генер.2006 во рамки на последниот меч од елиминациите се сретна со ФК Форца. На мечот кој требаше да биде неизвесно дерби ние одигравме одлично и победивме убедливо, момците на Јанев Саше победија со резултат 7-1 (5-0). Со оваа победа обезбедивме пласман на завршниот турнир овој викенд каде ќе се бориме за титула.

rr1

На почетокот почнавме со обид на Форца, одлично одбрани нашиот голман Данстак Андреј кој во текот на првиот дел имаше три одлични инервенции. Во првиот обид за нас Коловски Стефан упати удар кој го одбрани голманот на ривалот, во следната прилика Матеј Гаштаров се најде во шанса. Тој налета на една одбиена топка и погоди за почетни 1-0. Ние имавме постојана иницијатива во продолжение на овој натпревар. Коловски имаше две прилики, и во двете голманот на Форца со крајни напори ги бранеше неговите удари. На сцена стапи Марко Николовски во нашиот состав тој најпрвин од непосредна близина погоди за 2-0, а потоа постигна многу убав гол. Со удар од дистанца од над 20.метра силно по земја зголеми на високи 3-0. Ние имавме постојана иницијатива, Форца се закануваше повремено од контра напади. Гашратов Матеј беше во соло продор, успеаа да ги исфри од игра своите чувари, потоа остана насамо со голманот на противникот умешно со лоб го совлада за наша предност од 4-0. Нововлезениот Михаел Николов солираше, изби сам со голманот одлично шутна по што успеа да “извади“ третта корна и пенал за нас. Умешно истиот во погодок го претвори Галевски Кристијан, тој шутна силно под греда за 5-0. Токму со овој резултат се замина на одмор.

rr2 rr3

Вториот дел почна со обиди на Форца од слободен удар,во  прввиот обид  топката мина над гредата од голот на црвено-црните, во вториот чудесно интервенираше  Данстак. Ние игравме опуштено поради високата предност, лесно ја движевме топката и игравме со многу комбинаторика. Во првата посериозна прилика Коловски Стефан погоди за 6-0. Противникот со удар од дистанца намали на 6-1, но веднаш потоа повторно Коловски беше на вистинско место, шутна силно по земја за да ја вратиме предноста од шест погодоци, тој погоди за 7-1. Тоа беше крајниот резултат, до крајот имавме уште два обида. Михаел Николов имаше одлична шанса, се сработи одлично исфрли еден играч, упати силен удар кој за жал мина за малку над гредата. Сековски исто потоа имаше шанса неговиот  удар голманот го исфрли в корна.