Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Гонзалез и останатите кои заминуваат се “одјавија“ со победа, триумф в гости против Металург во последното коло

Гонзалез и останатите кои заминуваат се “одјавија“ со победа, триумф в гости против Металург во последното коло

Нашиот РК Вардар вечерва славеше во последниот натпревар од плеј-офот во Суперлигата. Ние гостувавме кај тимот на   Металург и триумфиравме  29-33.  Овој дуел беше последен за тренерот Гонзалез Раул и играчите кои заминуваат во други клубови и кои беа дел од златната европска екипа минатата сезона.

33962107_10157055213970348_3001111730974621696_n

Поради повреди дел од играчите кои заминуваат не одиграа денес, на теренот последниот “танц“ во црвено-црниот дрес го имаа Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Жоан Кањељас и Хорхе Македа. На почетокот домаќинот водеше, постојано со еден до два гола се до резултат 8-7. Следеа моменти на црвено-црните и со серија од три голови преку Кристопанс, Марсениќ и Стоилов стигнаавме  до прво повисоко водство со  8-10. Потоа ја стабилизиравме играта, успевме да ја удвоиме предноста па на одмор заминавме со плус четири. На семафорот во Автокоманда стоеше 15-19 за нас.

999

Во вториот дел домаќинот  успеа да намали на три гола разлика, но одново нашите момци  влегоа во серија па во последните десет минути влегоавме со седумм  гола предност, 26-32.  По ова се  чиста формалност, следеше мало опуштање кое сино-белиот тим го искористи единствено да го ублажи поразот. Ние триумфиравме со  33-29 на крајот.  Кај нас Кристопанс имаше  пет гола, а   Циндриќ се одјави со четири гола.

99