Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампионите од ФК Вардар генер. “2007“ ќе го бранат трофејот во детската лига, црвено-црните со резултатски пресврт го победија Албион и се најдоа на завршниот турнир
Шампионите од ФК Вардар генер. “2007“ ќе го бранат трофејот во детската лига, црвено-црните со резултатски пресврт го победија Албион и се најдоа на завршниот турнир

Шампионите од ФК Вардар генер. “2007“ ќе го бранат трофејот во детската лига, црвено-црните со резултатски пресврт го победија Албион и се најдоа на завршниот турнир

Вардаровата генерација родени “2007“ година ќе имаат можност да го бранат трофејот во детската лига, кој е во нивната сопственост последниве две сезони. Вечерва избраниците на Томче Трајановски во еден неизвесен дуел и со резултатски пресврт ја совладаа екипата на Албион и ја поминаа и последната елиминациска пречка пред пласманот на завршниот турнир.

Првиот директен удар го имаше екипата на Албион, но успешно одбрани нашиот голман, Лука Јаневски. Екипата на Албион одигра агресивен натпревар, а нивниот голман беше еден од најзаслужните, што противникот до последните моменти од мечот беше во игра. Први играчи кои се заканија кај Вардар, беа Шаботиќ и Грашески, но нивните удари беа успешно скротени од противничкиот чувар на мрежата, многу повисок голман од нашиот Лука Јаневски, кој немаше проблеми на ударите кои одеа високо кон неговиот гол Повторно сеобиде, овој пат од преки, Александар Грашески, кој биеше само над голот. Случајна прилика им се укажа на противникот, која успеаат да ја реализираат и први да го отворат резултатот на 0:1. Вардар и покрај негативата не помисли да се предаде, па до крајот на првиот дел се обиде со сите сили да го врати голот. Најголемата прилика за такво нешто ја имаше Грашески, кој од прекин бие, но голманот на Албион повторно ги истакна своите квалитети, доволно ја зафати топката да истата заврши само во пречката и да спречи да не влезе во мрежата. Последниот играч во одбраната на црвено-црните, Милош Спасовски се обиде од речиси половина терен во два наврати, но високите топки не претставуваа проблем за голманот на Албион. Последен кој се закани во првиот дел беше Борјан Томовски, но резултатот е 0:1 по првиот дел.

Советите на тренерот Томче Трајановски на паузата дадоа резултат, па неговите момци одиграа многу поборбено, но и поагресивно, што дефинитивно донесе и резултат. Долго време се мачевме да го пронајдеме патот кон мрежата на Албион. Голема прилика имаше Златко Радески, но немавме среќа. Албион не можеше вечно да се брани, а играчот кој многу му недостасуваше на Вардар, кој беше повреден па се врати на теренот, е Стефан Младеновски, кој покажува какво фудбалско чуство има во неговите нозе, но во овој случај и со глава. Токму Младеновски, после дегажирана топка од нашата половина која ја упати Спасовски, истата стигна до главата на Младеновски, кој успева да го измами голманот на Албион и да го израмни резултатот на 1:1. Повторно истиов играч се најде во нова прилика и пак со глава, но овој пат голманот е поуспешен. Иницијативата на црвено-црните и константниот притисок на противничката половина, дадоа резултат, кога Албион направи три корни, што според правилото значеше и казнен удар. Како и во текот на целата сезона, така и на овој дуел одговорноста ја превзема најмладиот во оваа генерација, “виртуозот“ Александар Грашески кој пласира топка на левата голманска страна ниско по земја, а за резултатски пресврт и водство од 2:1. Вардар воопшто не се задоволи со предноста, и сакаше да постигне нов гол. Во таква шанса се најдоа Шаботиќ и Младеновски, но обидите беа без реализација. Албион речиси и да немаше удар кон нашиот гол, нашата дефанзивна линија предводена од Киш, Спасовски и Крстевски, не дозволуваа опасни приоди кон голот на Јаневски. На крајот заслужена победа за вардарци, кои го славеа пласманот на завршниот турнир во детската лига.

Завршните мечеви ќе се одиграат во сабота и недела на терените на ФФМ, а како што напоменавме оваа генерација ја брани титулата од претходните две сезони, а ова ќе биде можност за Томче Трајановски по пауза од една година со истава генерација да ја освои втората титула во детската лига.