Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкендија подобра од Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига, кај генер. “2003“
Шкендија подобра од Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига, кај генер. “2003“

Шкендија подобра од Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига, кај генер. “2003“

Генерацијата “2003“ на ФК Вардар со пораз ја завршија сезоната во регионалната-скопска лига. Во рамките на последното коло, црвено-црните гостуваа во Тетово, на екипата на Шкендија, од која беа поразени со резултат 2:0.

Вардар: Рамадани, Марковски, Трпезановски, Исмаили, Сељанац, Давидовски (c), Алими, Стојановски, Мирков, Јовановски, Прелоговски. 

На полувреме резултатот беше 1:0 за домашниот тим. На овој меч тренерот на Вардар, “Чунга Лунга“ не можеше да смета на услугите на Ѓорѓоски, Хасани, Стојковски и Андрески. Во првото полуврееме беше направена измена, од игра поради повреда излезе капитенот Давидовски, на негово место влезе Марио Петрушевски. Влегоа во игра уште и Тасески, Петкоски, Хајдари и Петковски.

Овој дуел немаше никако резултатско значење, со оглед дека од претходното коло, Вардар ја имаше обезбедено титулата.