Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната, со пресврт ги совладавме Македонија Ѓ.П
Пионерите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната, со пресврт ги совладавме Македонија Ѓ.П

Пионерите на ФК Вардар со победа ја завршија сезоната, со пресврт ги совладавме Македонија Ѓ.П

Пионерите на ФК Вардар со триумф ја завршија натпреварувачката сезона 2017/18, откако во последното коло на домашен терен ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П и тоа со резултатски пресврт (2:1), откако на полувреме гостинот имаше водство од 0:1.

Тренерот Ѓоргиески стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Бојковски, Манасиевски (c), Димоски, Спировски, Игнатов, Ристовски, Ибиши, Митревски, Туша, Речица.

3

Првиот директен удар го имаше екипата на Ѓорче, кога еден од нивните играчи со глава биеше покрај нашиот гол. Возврати на ист начин и Ибиши, кога се најде во добра ситуација, но не успеа добро да ја зафати топката со глава, после нафрлена топка од корнер. Вардар можеби имаше поголем посед на топка, но гостинскиот тим беше тој кој имаше неколку удари по нашиот гол. Во три наврати Матеј Андов успеа да го спаси нашиот гол, кога успешно одбрани, но не и во ситуацијата кога од корнер екипата на Ѓорче успева да го отвори резултатот на 0:1, еден од нивните играчи беше највисок во скокот и ја смести топката во нашата мрежа. Со овој резултат и заврши првото полувреме.

1

Во вториот дел за само една минута, пионерите на Вардар го свртија резултатот и поведоа со 2:1. Најпрво Леонид Игнатов погоди за израмнување на 1:1, додека победничкиот гол, што значеше и резултатски пресврт беше дело на Џемал Ибиши. Во игра во вториот дел влегоа Хасановиќ, Николов и Миленковски.

Со победа нашите пионери ја завршија сезоната на третото место во првенството. Шампион во оваа генерација е Шкендија, додека второто место е за тимот на Македонија Ѓ.П.