Причината која големиот Арпад Штербик имаше само една единствена одбрана против Монпелје во 1/2 финалето е јасна. Како што открива Штербик, на Ф4 во Келн заминал со повреда. На десет дена пред стартот на овој турнир добил повреда која не успејал на време да ја санира. За оваа повреда бил свесен и тренерот на Вардар, Гонзалез.
“Десет дена пред стартот на Ф4 добив повреда која не успеав да ја санирам. Криевме дека сум повреден, за противникот да не знаеше за мојата состојба. За мојата повреда беше свесен и тренерот Гонзалез, кој се надеваше дека ќе ја санирам. На крајот не испадна така, судбината имаше напишано друго сценарио за мене и за Вардар” , изјави Штербик.
- Поради оваа повреда Штербик не беше во составот за третото место.