Викендов настапи на гостински терен во лигата имаа двата кошаркарски колектива, машкиот и женскиот. Вардаровите момци гостуваа кај екипата на КК Пелистер во Битола, а девојките гостуваа кај шампионот Бадел 1862.
Двата тима за жал немаа успех овој викенд. Пелистер остварија победа над нашиот машки тим Вардар од 77:70 во овој дуел 18. коло од Плеј-аут лигата. Најпрецизен кај вардарци, но, и на мечот беше Американецо Адекунле со 20 кошеви. Вардар по овој пораз е последен во мини табелата, има само 20 бода.
Женскиот вардаров тим по 12 последователни победи за жал го забележаа вториот пораз сезонава. Повторно бевме поразени од екипата на Бадел која е моментален шампион. Екипата на Бадел го заврши регуларниот дел од Првата лига како лидер пред нашите девојки. Тие не добија во дербито на последното коло со убедливи 73-51 (35-27) Вардарки во дербито влегоа десеткувани, затоа што на располагање ги немаа американските интернационалки.