Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Александар Најдоски: Секој натпревар за нас е како да играме финале, сите противници се тешки и секој против Вардар го дава најдоброто од себе

Александар Најдоски: Секој натпревар за нас е како да играме финале, сите противници се тешки и секој против Вардар го дава најдоброто од себе

Четврта победа во пролетниот дел од сезоната за младинците на ФК Вардар. Во саботата на гостувањето во Штип, црвено-црните ја победија Брегалница со резултат 0:4. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме, а беа дело на Димитровски, Додевски, Даци и Најдоски. Цели 45 минути домашниот тим успешно одолеваше на нападите, но сето она што беше пропуштено во првото, нашите младинци го надокнадија со голови во второто полувреме. За впечатоците од триумфот против Брегалница, можете да прочитате од изјавата на Александар Најдоски.

-Овој дуел за нас беше како и претходно сите други. Имавме максимален пристап на мечот и дадовме 100% посто од себе во текот на целиот меч. Иако имавме неколку добри шанси во првото полувреме, сепак не успеавме да го отвориме резултатот во овој дел од мечот. Сепак останавме со мирни глави и воопшто немаше паника во нашата игра. Бевме сигурни во себе и знаевме дека Брегалница ќе попушти пред нашите напади. Тоа се случи за брзо време во второто полувреме, кога го отворивме резултатот и поведовме со 0:1. Потоа беше се полесно, домашниот тим мораше да се отвори, што ни овозоможи повеќе простор за игра и создавање на шанси. Дури три до крајот на натпреварот ги искористивме и на крај се покажа како убедлив триумф од 0:4. 

И после ова коло, екипите на Вардар и Шкендија имаат еднаков број на освоени бодови. До крајот не очекува неизвесна борба за титулата, каде секој изгубен бод на двата тима ќе значи чекор подалеку од првото место.

-Секако дека можеме да стигнеме до двојната титула ако продолжиме да играме во вакво темпо. Секој натпревар за нас е како да играме финале, сите противници се тешки и секој против Вардар го дава најдоброто од себе и гледа да извлече поволен резултат. Важно е да ја задржиме самодовербата и да не потклекнуваме во ниту еден момент на натпреварите кои следуваат. Тешка ќе биде борбата со Шкендија за титулата во лигата, но сметам дека сме поквалитетен состав од нашиот најголем конкурент за првото место. 

Звонко Ивановски