Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Последни подготовки за неделниот предизвик на “Скопски маратон“ за Ивановски,Завировски, Василевски и Мартиновски
АТЛЕТИКА! Последни подготовки за неделниот предизвик на “Скопски маратон“ за Ивановски,Завировски, Василевски и Мартиновски
ЗАВИРОВСКИ-ИВАНОВСКИ!!!

АТЛЕТИКА! Последни подготовки за неделниот предизвик на “Скопски маратон“ за Ивановски,Завировски, Василевски и Мартиновски

Полека се доближува недела  8-ми Мај кога на улиците на метрополата ќе се одржи најдобрата македонска атлетска манифестација Виз Ер Скопскиот Маратон. Тој е закажан со почеток во 8:45 часот, ова ќе биде   12 пат да се одржи истиот. Очекувањата се дека ќе  настапат преку 10.000 тркачи поделени во 4 дисциплини од преку 50 земји од целиот свет. Главна ќе биде маратонската трка на 42.195км, полумаратон 21.097км, потоа следи штафетниот маратон и трката на 5км која е наменета за рекреативци и атлетичари кои настапуваат на кратки и средни патеки.

NASLOV3-660x330

МАРТИНОВСКИ-ВАСИЛЕВСКИ!

Во црвено-црниот состав се привршуваат последните подготовки за овој настан, кај вардарците главниот збор го има легендата Трпе Мартиновски. Атлетичарите на Вардар тренираат комплетно под негова контрола. Пред трката од таборот на АК Вардар воздржани се од било какви изјави за очекувањата околу нивните резултати и цели на Скопскиот Маратон. Вардарци комплетно го пропуштија Националното првенство на 10.000 метри кое се одржа на Националната арена Филип Втори на 23 Април, се со цел максимално подготвени да истрчаат на Скопските улици на кои ќе атакуваат на нови резулати за одбележување. Ние ќе имаме четити учесници и тоа : Трпе Мартиновски ќе настапи на Маратонот, Дејан Василевски ќе го трча својот дебитански маратон,Петре Завировски на 8 Мај ќе го трча својот 13-ти полумаратон во кариерата, Марко Ивановски ќе настапи на полумаратонската трка, тој ќе биде пејсмејкер на полумаратонот за резултат 1:45.