Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар се фокусира на домашниот шампионат
РК Вардар се фокусира на домашниот шампионат

РК Вардар се фокусира на домашниот шампионат

Откако за жал овој викенд нашиот РК Вардар беше елиминиран од Лигата на шампионите во 1/4 финалето од Веспрем, станува јасно дека нашите играчи својот фокус ќе го насочат кон домашниот шампионат и купот на Македонија. Вардарци веќе во Супер лигата одиграа два натпревари, на кои и на двата на убедлив начин ги победија своите противници. Следениот натпревар кој би можел уште од сега да ја реши титулата во Супер лигата за оваа сезона е токму дуелот кој следи, а тоа е против некогашниот лут ривал тимот на РК Металург.

Иако сеуште постои можност да се промени датумот на одигрување на овој дуел, сепак како што стои и на официјалната веб – страна на нашиот клуб натпреварот треба да се одигра на 4 мај (среда) со почеток во 17 часот и 30 минути. На овој натпревар Вардар треба да ја покаже силата и да слави убедлива победа, која ќе биде голем исчекор кон нова титула.