Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Потврдено учеството на Светското првенство, Димитровски и Влаќевски на мегдан со најдобрите на планетата

Куглање: Потврдено учеството на Светското првенство, Димитровски и Влаќевски на мегдан со најдобрите на планетата

ДИМИТРОВСКИ-ВЛАЌЕВСКИ-БЕНЕДИК ТРИОТО КОЕ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА НА С.П

ДИМИТРОВСКИ-ВЛАЌЕВСКИ-БЕНЕДИК ТРИОТО КОЕ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА НА С.П

По победата еден-два на “ Запрешиќ Опен“ во Хрватска, каде се одржа турнир од “А“-категорија во новата и најмодерна куглана во светот која се наоѓа во истиот град дуото Влаќевски-Димитровски пред нов поредизвик. Потврдено е нивното учество на Светското првенство во куглање. Овој планетарен собир  ќе се игра од 20-25.мај во градот Клуж, Романија.

 Тие ќе ја преставуваат Македонија на Светското првенство, покрај  Бојан Влаќевски и  Димитар Димитровски трет учесник како македонски репрезентативец ќе биде  Бенедик Борис. Ова учество беше целосно изменаџирано од претседателот на КК Вардар, Димитровски Димитар кој успеаа да ја врати Македонија на светската кугларска сцена по пет години. Во истото федерацијата немаше удел, таа и понатака делува летаргично и ги пропушта големите настани како ова СП. По потврдата за учеството од светската куќа на куглањето  на нашите момци им останува добро да се подготват за собирот на најдобрите играчи во овој спорт од целата планета.

На ова СП ќе учествуваат и две дами од земјава, станува збор за девојките, Билјана Граврилова и Тања Трпковска  кои идната сезона ќе ги бранат боите на новоформираниот тим ЖКК ГТЦ Мусандра. Тие со оваа екипа ќе играат идната сезона и во МКЛ.

k