Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сен: Тимот на Вардар е силен, моќен и одлично избалансирана екипа
Сен: Тимот на Вардар е силен, моќен и одлично избалансирана екипа

Сен: Тимот на Вардар е силен, моќен и одлично избалансирана екипа

Специјалистот за одбрана во тимот на Ростов-Дон, Ана Сен потенцира дека единствена цел на нејзиниот тим е трофеј во Будимпешта. Исто така Сен е свесна за силината на противникот и додаде дека пред нејзиниот тим стои еден силен, моќен и одлично избалансиран тим.

“Нашата единствена цел во Будимпешта ќе биде трофејот и ништо друго. Сите екипи се на исто ниво, а и претходно сме ги победувале, така да не се плашиме од никого. Тимот на Вардар е силен, моќен и одлично избалансирана екипа која игра на Ф4 турнирот секоја година. Ние имаме повеќе компетитивни меча во последниот период, па мислам дека имаме подобар ритам и тоа мора да го искористиме“ , изјави Ана Сен. 

Полуфиналето помеѓу Ростов-Дон и Вардар се игра в сабота со почеток од 18.00 часот.