Девојките на Вардар тргнаа за Будимпешта и во поход кон толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите како шлаг на тортата.
Вардарки во комплетен состав, заедно со целиот стручен тим попладнево ќе пристигнат во Унгарија каде ќе имаат два денови во вид на адаптација во градот домаќин на Ф4 турнирот.
Пред Вардарки стои првиот предизвик наречен Ростов – Дон. Се надеваме на победа в сабота и пласман во големото финале.
Ги очекуваме Вардарки со ново селфи, но, овој пат победничко со титулата в недела вечер.