Вкупно шест играчи од КК Вардар се најдоа на списокот на 34 повикани кошаркари од страна на тренерското трио Мирко Петрески, Дарко Радуловиќ и Драган Миленковиќ. Сите овие кошаркари ќе се борат за место во националниот состав до 20 години. Селективниот тренинг ќе бида одржан в недела со почеток во 9:00 часот. Тренингот ќе се одржи во спортксата сала на Вардар (мала сала „Кале“).
Повикани играчи од Вардар:
Дамјан Робев
Стефан Милески
Блажо Митков
Бојан Серафимов
Михајло Митев
Дејан Србиновски