Нашиот женски ракометен шампион го освои првиот трофеј во оваа натпреварувачка сезона. Вардарки се освојувачи на регионалната лига, откако во големото финале ја победија екипата на Будуќност. Претходно во полуфиналниот дуел бевме исто така подобри од екипата на Подравка. Освоениот трофеј е добра увертира за црвено-црните за предизвикот кои ги очекува на завршниот турнир во Будимпешта. Таму знаеме дека во полуфиналето ќе играме со екипата на ЦСМ Букурешт.