Вардарки го освоија првото место во регионалната лига и се закитија со златниот медал од ова натпреварување. На крајот беа доделувани и поединечни награди, а токму две од нив им припаднаа на ракометарки од Вардар.
Тренерите на сите четири екипи учесници на завршниот турнир гласаа за најдобар играч и голман на завршниот турнир. Амандин Лејно го доби признанието за најдобар голман, додека најдобар играч е Андреа Пенезиќ. За најдобар стрелец наградата отиде кај репрезентативката на Романија и член на Будуќност, Кристина Неагу.