Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Станковски: Се надевам дека со Будуќност ќе играме и во финалето на ЛШ – Радичевиќ: Среќни сме што победивме и што пехарот останува кај нас

Станковски: Се надевам дека со Будуќност ќе играме и во финалето на ЛШ – Радичевиќ: Среќни сме што победивме и што пехарот останува кај нас

Првиот трофеј во витрините на ЖРК Вардар во оваа натпреварувачка сезона. Нашиот ракометен шампион изминативе два дена беше домаќин на завршниот турнир во регионалната лига и истата успеа да ја освои. Вчера во полуфиналето ја победивме екипата на Подравка, за денес во големото финале силите да ги одмериме со тимот на Будуќност. Црвено-црните заслужено стигнаа до трофејот, со оглед дека имаа предност во текот на целиот натпревар, додека екипата од Подгорица само еднаш беше во позитива. На прес-конференцијата после завршување на финалето, се обрати Аце Станковски кој го изјави следново:

-Честитки до ракометарките за добрата игра. Натпреварите меѓу Вардар и Будуќност секогаш се со агресивна игра. Пресуди желбата за победа кај нас. Тоа што го планиравме – го остваривме. Натпреварите во Регионалната лига добро ни дојдоа пред Ф4 во ЛШ. Уште еднаш, честитки до мојата екипа за првото место. Се надевам двете екипи ќе се сретнат во финалето на ЛШ.

Радичевиќ искажа задоволство од победата и освоениот пехар од ова натпреварување.

-За нас и Будуќност овој турнир е од голема корист затоа што не чека Ф4 турнир во ЛШ. Среќни сме што победивме и што пехарот останува кај нас. Ова е добра најава за главната битка во ЛШ. Имаше грешки кои мора да ги исправиме до сабота, но се боревме до крај. Не ѝ дозволивме на Будуќност да се доближи. Овој триумф е само рецепт како треба да играме на Ф4 во ЛШ.