Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ПРВ ТРОФЕЈ ОВАА СЕЗОНА, ЖРК ВАРДАР Е ОСВОЈУВАЧ НА РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

ПРВ ТРОФЕЈ ОВАА СЕЗОНА, ЖРК ВАРДАР Е ОСВОЈУВАЧ НА РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Вардарки ја освоија регионалната лига, откако вечерва во големото финале беа подобри од екипата на Будуќност. Во едно неизвесно финале, црвено-црните славеа со резултат 27:25 и на тој начин го освоија првиот трофеј оваа сезона.

Јованка Радичевиќ го отвори резултатот на овој натпревар, за веднаш после неа да погоди и Лекиќ, за водство од 2:0. Првиот гол екипата на Будуќност го постигна во 3 минута преку поранешната Вардар, Итана Грбиќ. Денес на голот стартуваше Амандин Лејно, која беше вообичаено одлична. По само пет минути игра таа стигна до својата четврта успешна интервенција. Ова беше натпревар каде двете екипи се воигруваа пред претстојниот завршен турнир во Будимпешта, каде ќе настапат и двете екипи. Цело прво полувреме, црвено-црните имаа предност, а во 9 минута со гол на Пенезиќ го одржуваме водството од два гола разлика. Лејно продолжува да брани и веќе стигна до својата шестта одбрана. Тренерскиот тандем, Дибирова-Станковски им даваше подеднаква минутажа на своите ракометарки, па нововлезената, Мавсар за прв пат му носи позитива од три гола на својот тим. Истава разлика беше активна и во следните пет минути, во 22 минута со голот на Човиќ стигнавме до највисоки четири голови водство (12:8). Сепак како се ближеше првото полувреме, противникот ја топеше нашата предност, па до истекот на првите 30 минути намали на само еден гол негатива, односно на одмор се замина со резултат 15:14.

Со одличен гол, во стилот на Дибиров, второто полувреме со погодок го отвори Камила Херем. Потоа погоди и Лакрабер, додека првиот гол Будуќност го постигнува во 34 минута. По десет минути игра во вториот дел, гостите од Подгорица повторно стигнуваат до само еден гол заостанување (20:19). Гледавме израмнета игра во овој дел од натпреварот, каде Будуќност во 46 минута успеа да стигне до израмнување од 21:21, за потоа Неагу со нов гол да донесе прво водство за својот тим од 21:22 во 48 минута. Вардар успева набрзина да врати и со два голови во серија да ја врати предноста. Во последните десет минути се влезе во неизвесна завршница и нерешен резултат. Мавсар беше нерешлива енигма за противничкигте голмани и повторно погодува од седум метри, за наша предност од 26:24. По ова тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ повика минута одмор. До крајот успеавме да го задржиме водството на крајот да славиме со конечни 27:25 .

Кај нас Мавсар најдобар стрелец со 6 голови, додека 5 постигна Пенезиќ.

Ова беше добра увертира за Вардарки, за главниот предизвик кои ги очеква на 6 и 7-ми мај, а тоа е завршниот турнир во лигата на шампионите. Се надеваме дека и таму ќе постигнеме успех и ќе стигнеме до првата европска титула.