Попладнево во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра дербито во машката пионерска ракометна лига од групата 1, помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Избраниците на Андријана Будимир стигнаа до победата и се најдоа чекор поблиску до пласман на завршниот турнир.
Гостинската екипа подобро го отвори овој натпревар и во три наврати имаше предност од два гола разлика. Беше 0:2, 1:3 и 3:5 за екипата на Работнички во првите минути од мечот. Како течеше првото полувреме, Вардарци играа се подобро, за најпрво да го израмнат резултатот на 6:6, а потоа дури и за прв пат на мечот да имаат два гола предност (8:6). Во продолжение од натпреварот, екипата на Работнички го израмни резултатот на 8:8 и 9:9, но црвено-црните ги постигнаа последните два гола во првиот дел и на одмор заминавме со водство од 11:9.
Решавачкиот чекор кон победата, нашите пионери го направија на стартот на второто полувреме, кога нарпавија серија 0д 6:2 и поведоа со највисоки 17:11. Во продолжение од натпреварот, противникот се обидуваше да се врати на натпреварот, но тоа не им успеа. Нашите надежи одржуваа водство од 4-6 голови разлика и имаа целосна контрола на резултатот. Највеќе што успеаа да направат е да намалат на 22:18, на пет минути пред крајот на натпреварот. Вардар до крајот на мечот стигна и до поубедлив триумф од 25:19.
Убедливо најаефикасен беше Бојан Чакалиќ со 9 голови, додека 4 погодоци беа за Благој Димчевски.
Со оваа победа си ги зголемивме шансите како најдобро второпласнирани да се најдеме на завршниот турнир во конкуренцијата на пионери. Утре гостуваме на екипата на Македонија Ѓ.П, додека во недела на Кале го играме последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната. Противник од 12 часот ни е тимот на Гостивар.
Вардар: Мишевски, Чакалиќ 9, Павловски 3, Трајановски, Жерновски, Ангеловски, Петков, Калајџиески 3, Димитријевски, Србиновски, Грујовски 3, Трајчевски 1, Савревски 1, Димчевски 4, Мирчевски 1, Кизиќ.