Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар без бодови се враќа од Тетово

Вардар без бодови се враќа од Тетово

Вардар со пораз се враќа од Тетово, “црвено – црните” играчи денеска одиграа слаб натпревари и залужено беа поразени со резултат 3:1. Голот за Вардар го постигна Балотели Боарето во првиот дел. И натаму Вардар има комотна предност пред Шкендија на табелата, сега бодовната разлика помеѓу овие два тима изнесува десет бодови.

По првата посериозна шанса беше отворен резултатот на денешниот дуел. Домаќинот изведе еден добар противнапад, Радески го проигра Меџедовиќ кој стрелаше прецизно за водство на својата екипа во 15′ од натпреварот. Потоа во 22′ Шкендија имаше уште една голема можност за гол, Ибраими доби одлична топка но Гачевски одлично интервенираше и спаси нов погодок. Во 24′ Вардар ја имаше својата прва добра прилика на денешниот меч. Фелипе одлично го пронајде Балотели кој лошо реагираше и му дозволи на Захов да ја острани топката во корнер. Во 35′ Барсегјан за малку не постигна погодок, биеше одкосо, но од гол линијата топката ја извади Цуцули и спаси гол за нашиот тим. Веќе во следната акција Вардар дојде до гол. Во 42′ Барсегјан беше во добра позиција, несебично додаде до Балотели кој стрелаше прецизно за 1:1. Со овој резултат се замина на полувреме.

baloteli-vardarНа почетокот на вториот дел во игра влезе Попов на местото на Велковски. Во вториот дел во 55′ Ибраими имаше уште една огромна шанса за гол, но неговиот удар и по втор пат денеска го одбрани одлично нашиот голман Гачевски.63’ Шкендија преку прецизен удар на Ибраими дојде до ново водство на овој дуел. Во 67′ во игра во Вардар влезе и Дејан Блажевски на местото на невидливиот денеска Стефан Спировски. Потоа во 69’ Балотели имаше добра шанса да постигне нов погоодок овој пат за 2:2, но неговиот удар заврши само крај голот на Захов. Во 82′ сите дилеми на оваа средба беа решени. Ибраими со одличен удар од далечина го совлада Гачевски и ја донесе Шкендија на недостижни 3:1.  Со овој резултат и заврши денешниот натпревар.