Екипата на РК Вардар триумфираше во шесттата сезона на СЕХА-лигата, совладувајќи ја екипата на Веспрем во големото финале. Ова беше трет трофеј за црвено-црните во ова натпреварување, со што станаа најтрофејната екипа во оваа лига. Тимот на СЕХА продолжува да врши избор на најдобрите моменти на завршниот турнир, кој оваа година се играше во градот Брест.
После изборот за најдобри одбрани, се вршеше преглед и на најдобрите голови на Ф4. Во овој избор се најдоа двајца играчи на Вардар. Голот на Душебаев против Загреб и мајсторијата на Дибиров против Веспрем, конкурираат за најдобри погодоци, за победа на нашите момци може да гласате – овде
Погледнете го видеото со најубавите голови на Ф4.