Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Повторно црвено-црна доминација, тројца вардарци во топ-6 изборот на колото
КУГЛАЊЕ! Повторно црвено-црна доминација, тројца вардарци во топ-6 изборот на колото

КУГЛАЊЕ! Повторно црвено-црна доминација, тројца вардарци во топ-6 изборот на колото

Од вчера со одигрувањето на последниот дуел  е комплетирано 6-коло во Македонската кугларска лига. По комплетирањето на колото на врвот повторно во “мртва трка“ се нашиот Вардар и шампионот Макпетрол. Во ова коло  вардарци беа домаќини и однесоа победа над Хераклеа од Битола . Мечот помеѓу црвено-црните куглари и гостите од Битола  во целост им припадна на нашите вардари кои однесоа убедлива победа со резулат  8:0 ( 20:4 ).

Оваа максимална победа “вивна“ дури тројца избраници на Драги Димитровски во топ-6 изборот за ова 6.коло во кугларската лига. Број еден во овој избор е   “кугларскиот Моцарт“ – Бојан Влаќевски кој играше прекрасна партија,  тој е повторно е оној стариот: лидер во победите, соборувач на рекорди, играч кој го добива признанието број еден во изиграното коло. Тој на мечот со битолскиот тим од 616 “соборени дрва“. Втората позиција е резервирана за уште еден вардарец Димитар Димитровски кој има втор најдобар скор со остварување од 609 “соборени дрва“. Дане Јакимовски е третиот црвено-црн куглар кој има свое место во овонеделниот топ-6 избор, за Дане е“резервирано“ четвртото место оваа коло. Јакимовски е константен во својте игри во последниот период , тој остварува одлични резулати кои заедно со двоецот Димитровски-Влаќевски се “мотор“ на победите.