Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар домаќин на тимот Ангели
КОШАРКА! Вардар домаќин на тимот Ангели

КОШАРКА! Вардар домаќин на тимот Ангели

Викендов вардарци го одигаа првото коло оваа нова година, тие се сретнаа со екипата на тетовски Кк Тетекс во рамки на Втората македонска кошаркарска лига. Вардар успеа да дебитира со победа во новата година овој дуел го добивме со 29 поена позитива, резулатот на семафорот во малата сала при С.р.ц “Кале“ изнесуваше 97-68 во корист на црвено црните.

Во второто коло како и во првото црвено-црните се домаќини, тие во малата сала при С.р.ц “Кале“ ќе го пречекаат тимот со кој лани беа ривали во третата лига екипата на Кк Ангели. Овој меч е закажан за сабота 13 февруари, тоа е дуел во рамките на 11.коло во втората кошаркарска лига. Црвено-црните  кошаркари по ова 10.коло остануваат на делбата на втората позиција со 17 бода, колку што имаат и екипите на Гостивар 2015, Водњански Лисици и битолски Пелистер.