Во организација на Endurance.mk – Скопје (АК Индјуренс) и оваа година ќе биде организирана крос кантри атлетската манифестација ‘Gazi Baba XC Challenge’. Таа е закажана за на 6-ти март (недела), со почеток во 11:00 часот. Локацијата на истата е Парк-шума Гази Баба, оваа трка е од отворен карактер за сите атлетски клубови, активни атлетичари, рекреативци, љубители на трчањето во природа, од нашата земја, како и надвор од нашите граници.
Нашиот вардарец Завировски ќе учествува на истата, тој и лани се натпреваруваше на оваа стаза и заврши како 8-мо пласиран низ стартната линија. Таа трка нашиот атлетичар Завировски Петре ја истрча трката со резултат 28:47 . Овој резултат го предвиде неговиот тренер познатиот Македонски атлетичарски АС Трпе Мартиновски уште пред самиот старт на трката во Гази Баба.