Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Христијан Милошески: “ Јуниор“ лигата претставува можност да бидеме дел од младинските екипи на Вардар
Христијан Милошески: “ Јуниор“ лигата претставува можност да бидеме дел од младинските екипи на Вардар

Христијан Милошески: “ Јуниор“ лигата претставува можност да бидеме дел од младинските екипи на Вардар

Изминатиов период активна е “Вардар Јуниор“ лигата, во која ќе се натпреваруваат ракометните академии кои се дел од клубот. Учествуваат екипи од вкупно 20 различни ракометни школи низ цела Македонија. Ракометниот клуб го следеше примерот од фудбалскиот, каде започна да фунционира слична ваква лига за младите и перспективни дечиња. Целта е да се прошири Вардар лигата низ целата земја и останатите клубови да се приклучат во овој голем проект во кој се вклучени најмладите.

-Според мене оваа лига претставува предизвик за секое дете кое е во проектот на Вардар Јуниор Лигата. Со овој проект, Вардар им овозмножува на младите членови да ги покажат резултатите од напорната работа. Лигата ја сметам како голем предизвик за понатамошниот успех во ракометот. 

Христијан Милошески настапува за екипата на Рк Филип-Вардар, во генерација родени 1998/99 година.

-Дел сум од РК Филип Вардар, во кој имаме одлична соработка помеѓу тренерите и играчите. Јас лично сум задоволен од мојот тим, иако можеме да бидеме поуспешни од досега прикажаното. Составени сме со други академии, сепак одлично соработуваме. Во академијата сме вкупно 6 играчи од нашиот тим и јас сум задоволен од постигнатите резултати.

Целта на сите учесници во лигата е јасна, со напорна работа и труд да се биде дел од младинските категории на Вардар.

-Сите сме известени дека со добри прикажаните игри можеме да бидеме дел од младинските екипи на Вардар, но сепак на прво место на сите играчи е нашиот тим, изјави Христијан Милошески за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски