Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот на Рк Вардар, за натпреварот против Рајн-Некар
Познат составот на Рк Вардар, за натпреварот против Рајн-Некар

Познат составот на Рк Вардар, за натпреварот против Рајн-Некар

Вардарци вечерва со почеток од 19:30 часот во Франкфурт го играат натпреварот од единаесеттото коло од лигата на шампиони, а прв во новата година. Противник е првопласираниот тим од Бундес лигата, добро познатата екипа на Рајн Некар. За овој меч, тренерот Гонзалес имаше мали проблеми со составување на тимот, така на овој меч ќе има на располагање 15 ракометари. Во составот дополнително е повикан левото крило Владо Недановски. Ќе недостасуваат подолго отсутниот Деревен, Карачиќ, како и Стоилов и Манасков од добро познати причини. Со овој состав вечерва ќе се спротивставиме на силниот Германски тим.

Вардар: Штербик, Милиќ, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ , Дибиров, Душебаев, Горбок, Лазаров, Македа, Марсениќ, Недановски, Шишкарев, Тоскиќ