Во просториите на ОФМ беше одржана ждрепка за полуфиналните парови во Националниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Во машка конкуренција, нашиот О.К Вардар во полуфиналето силите ќе ги одмери со тимот на О.К Лешок. Во второто полуфинале се среќаваат Струмица и УГД Студент.
Првите натпревари ќе бидат одиграни веќе во петок (17 март), додека пак реваншите сеуште не е познато кога ќе бидат одиграни.