Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Стефанија Стоименова: “Јуниор“ лигата е еден од најдобрите проекти на РК Вардар
Стефанија Стоименова: “Јуниор“ лигата е еден од најдобрите проекти на РК Вардар

Стефанија Стоименова: “Јуниор“ лигата е еден од најдобрите проекти на РК Вардар

 Повеќе од 23 регионални ракометни школи се дел од “Јуниор“ лигата, проект на ракометниот клуб Вардар. Сите кои имаат желба да се занимаваат и играат ракомет тоа можат да го сторат преку усписи во една од регионачните школи кои се дел од лигата, а со самото тоа им се пружува шанса континуирано да играат натпревари. Голем број на деца кои беа дел од натпреварувањето беа препознаени како квалитетни и регрутирани во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Јуниор лигата даде поинакво значење на ракометот во Македонија. Целта е секоја година да се зголемува бројот на учесници и да се обединат сите ракометни школи од земјава. Привилегија да биде дел од овој проект е ракометната школа, Вардар-Виница за која настапува Стефанија Стоименова од генерација 2000/01 .

Кога започнавте да играте ракомет и зошто го избравте овој спорт ?

-Започнав со тренирање ракомет пред три години , иако љубовта кон спортот ја имам одамна. Кај ракометот особено ми се допаѓа начинот на игра и натпреварувачкиот дух кој овој спорт го буди.

2. Како функционира вашата школа РК Вардар-Виница ?

-Во нашата школа тренираат деца од неколку генерации, со кои работат нашите тренери Александар, Петре и Зоран Бошески. Тие се трудат нивните знаења и способности да ни ги пренесат нам и секако со тренинзите кои ги имаме три пати неделно да ни го приближат ракометот. Нормално од нив секогаш имаме подршка и мотив за игра.

3. Досега се одиграа осум кола во лигата, колку сте задоволни од постигнатите резултати ?

-Од минатите изиграни осум кола, имаме забележано седум победи и само еден пораз, кој резултат е доста солиден. Воглавно сме задоволни од постигнатиот резултат и од второто место на табелата, а во иднина се надеваме и работиме за нови победи и секако пласман на завршниот турнир.

vardarfans-vardar-vinica

4. Кое е вашето мислење за овој проект на РК Вардар, наречен “Јуниор“ лига ?

-Мислам дека “Јуниор лигата“ е еден од најдобрите проекти на Вардар. Секое дете добива шанса да го покаже својот талент и способности, а и преку неделните натпревари напредува како играч и стекнува искуство кое е многу важно.

5. Што е она највпечатливо во ова натпреварување ?

-“Јуниор лигата“ дава можности за напредок и меѓусебно надигрување. Најважната работа е што имаме натпревари скоро секоја недела, бидејќи на нив се гледа кој колку напреднал, а од друга страна на нив се и најмногу учи. Предност е и што можеме од блиску да учиме од вардаровите ракометари.

6. Која е вашата цел преку натпреварите од “Јуниор“ лигата ?

-Целта ми е постигнување успеси и добри резултати, секако за тоа треба напорна и тимска работа, но желбата и вољата исто така играат голема улога.

7. Неколку збора за зимскиот турнир кој се играше во јануари ?

-Турнирот беше добро организиран и екипите кои се натпреваруваат беа јака конкуренција. Беше малку напорно, но желбата за победа е она што ни даваше мотив за игра.