Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) Вардар го дозна распоредот во кугларската лига, прво коло супер дерби со шампионот КК Макпетрол

(ФОТО) Вардар го дозна распоредот во кугларската лига, прво коло супер дерби со шампионот КК Макпетрол

Македонската кугларска лига-МКЛ стартува во средината на идниот месец поточно на 15 октомври со мечевите од првото коло во истата. Веќе се познати сите пет есенски кола во МКЛ, таа годинава брои како и изминатата сезона шест екипи каде покрај нашиот  КК Вардар, учестуваат: шампионот Макпетрол, ГТЦ Мусандра, 18 Август, Хераклеа и Тутунски Комбинат. Вардар оваа сезона ќе ги игра домашните мечеви во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Градскиот трговски центар-Скопје.

mkl

Првото коло не очекува дербито кое е по многу што пресудно за понатамошниот тек на кугларската лига. Во истото сме домаќини во “Мусандра“ на повеќекратниот и актуелен шампион на Македонија екипата на КК Макпетрол. Во второто коло условно сме “домаќини“ на КК ГТЦ Мусандра тим кој игра во истата кугларница како и ние. Од петте кола во есенскиот дел домаќини сме во три кола , апак гостуваме во две. Вардар ќе се обиде како и изминатите две сезони да го симне од пиедесталот долгогодишниот шампион Макпетрол, во мак.кулањето “пумпашите“ се шампиони повеќе од деценија и половина нанназад. Пред МКЛ  треба да се напомене дека имаме  силен меѓународен предизвик со учеството на “Светскиот куп“ кој почнува на четврти идниот месец во Италија, таму сме преставници на македонското кугање и ќе се сретнеме со многу реномирани екипи шампиони на најсилините земји во овој спорт.