Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Директен пренос на МТВ од мечот Вардар-Татран 20-30 часот

Директен пренос на МТВ од мечот Вардар-Татран 20-30 часот

Во спортскиот центар “Јане Сандански “ вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути на програмата е новото коло во СЕХА Гаспром регионалната лига за нашиот црвено-црн машки ракометен колектив. Во истиот противник ни е екипата на Татран Прешов.  Словаците се во улога на аусајдери во однос на одличниот состав предводен од шпанскиот стручњак Раул Гонзалес.

Од овој меч на РК Вардар ќе може да се директен пренос на државната  телевизија. Македонската радио и телевизија преносот од “Јане Сандански“ ќе го емитува на првиот програмски канал на истата, со коментар на новинарот Југослав Костовски. За овој меч од утрово па се до почетокот кој нема билет може да набави на билетарницата при С.Ц “Јане Сандански“ по одлична цена од само 50 денари.