Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лекиќ успешно оперирана во Белград, ја очекува пауза околу еден месец надвор од терените

Лекиќ успешно оперирана во Белград, ја очекува пауза околу еден месец надвор од терените

Српската репрезентативка во дресот на Вардар, Андреа Лекиќ ја очекува нова пауза од ракометните терени. Како што информираат од клубот, врз неа е направен хируршки зафат на менискусот на левото колено. Операцијата е успешно изведена во Белград, после што Андреа ја очекува период на мирување и рехабилитација.

Првичните прогнози се дека ќе биде надвор од терените околу еден месец, но подетални информации за тоа ќе се има при извршување на првата контрола. Најверојатно Лекиќ нема да биде дел од составот за првите два меча во лигата на шампионите. На Лекиќ и посакуваме побрзо опоравување и враќање на теренот, бидејќи е од големо значење за екипата на Вардар.