Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на дуел со Влазерими по пауза од девет години

Вардар на дуел со Влазерими по пауза од девет години

Второлигашот Влазерими од Кичево е противник на Вардар во 1/8 финалето од Купот на Република Македонија. Првиот натпревар ќе биде одигран в среда со почеток во 15 часот и 30 минути на стадионот во Кичево, додека пак реваншот ќе се одигра на 12 октомври во Скопје.

Влазерими моментално се натпреварува во втората македонска фудбалска лига. Овој тим во минатото беше дел од елитата, и имаше неколку добри резултати. Последен пат овие два тима се сретнаа во 2007 година. На тој натпревар нашиот тим победи со убедливи 10:0. Овие тимови се имаат сретнато уште на неколку наврати и тоа: во 2006 година Вардар како домаќин победи со 3:0, потоа во истата година уште два пати бевме подобри од овој тим, додека пак во 2005 година еднаш победи нашиот тим, а еднаш тимот на Влазерими со 1:0 славеше како домаќин, што е нивни единствен триумф против Вардарци.

Очекуваме добра игра, и лесна победа уште на првиот натпревар за нашиот тим.