Утре, 20 септември со почеток во 20 часот и 30 минути ракометниот клуб Вардар ќе одигра меч во регионалната СЕХА Гаспром лига против тимот на Татран Прешов. Дуелот ќе се игра во нашиот храм Спорскиот центар “Јане Сандански“. Билети за овој натпревар веќе се во продажба. Истите освен денес ќе може да се набават утре, продажбата ќе почне во 10-00 часот и ќе трае се до почетокот на дуелот. Тие ќе може да се купат на билетарата при. С.Ц. Јане Сандански.
Билетите за овој дуел во регионалната лига може да се набават по атрактивна цена од 50 денари.